Јапонија: Рекорден број смртни случаи од ковид во јануари

Сподели со своите пријатели

Во Јапонија во последните 24 часа од корона вирусот починале 252 лица, а за првпат е надмината месечната бројка од 10.000 смртни случаи, соопшти денеска Министерството за здравство, јавува Анадолија.

Loading...

Во декември повеќе од 7.600 луѓе починаа како последица на Ковид, а зголемување на бројот на смртни случаи е забележано од ноември.

Во саботата, во Јапонија беа пријавени 54.800 нови инфекции, а 533 пациенти се во критична состојба. Бројот на заболени од средината на месецот се намалува.

Со олеснување на рестриктивните мерки, Јапонија се обидува да ги нормализира социјалните и економските активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Торнадо низ САД: Бебе загина во Оклахома, повредени уште четири лица