Иран доби покана за преговори за нуклеарната програма

Сподели со своите пријатели

Иран преку Катар доби пораки од земјите вклучени во преговорите за нуклеарното прашање, изјави шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан.

Loading...

„Добивме пораки од други страни вклучени во преговорите за нуклеарниот договор. Пораките ги добивме преку министерот за надворешни работи на Катар“, изјави Амир-Абдолахиан по средбата со неговиот катарски колега Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, пренесува Бета, повикувајќи се на АФП.

Преговори без напредок

Иранскиот министер не даде никакви детали за содржината на пораките, но ги поздрави напорите на Катар за рестартирање на нуклеарните преговори кои се во застој неколку месеци.

Иран и големите сили започнаа разговори во Виена во април 2021 година со цел да го обноват договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма по едностраното повлекување на САД во 2018 година.

Сепак, тие преговори не доведоа до напредок.