Иран годинава веќе погубил 55 лица

Сподели со своите пријатели

Иранските власти егзекутирале 55 лица оваа година, соопшти во петокот невладина организација за човекови права, додавајќи дека зголеменото прибегнување кон смртна казна има за цел да се шири „терор“ во земјата потресена од протести.

Loading...

Невладината организација Иран за човекови права (IHR) со седиште во Норвешка соопшти дека потврдила најмалку 55 егзекуции во првите 26 дена од оваа година.

Четири лица биле егзекутирани поради обвиненијата поврзани со протестите, додека поголемиот дел од обесените (37) биле егзекутирани за злосторства поврзани со дрога, рекол истиот извор.

Од невладината не соопштуваат зошто биле егзекутирани останатите 14 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ земја воведува задолжителна обука за оружје во основните училишта

Најмалку 107 лица остануваат во опасност од егзекуција поради протести, осудени на смрт или обвинети за злосторства што предвидуваат смртна казна, додаде ИЧП.

Секоја егзекуција во Иран е „политичка“, бидејќи главната цел е „да се шири страв и терор во општеството“, нагласува ИЧП.

„За да се запре државната машина за убивање, не треба да се толерира никакво погубување, независно дали е политичко или не“, додаде директорот на ИЧП Махмуд Амири-Могадам.

Смртната казна како инструмент за заплашување

Активистите го обвинуваат Иран дека ја користи смртната казна како инструмент за заплашување за да ги смири протестите кои започнаа на 16 септември, по смртта во притвор на Махса Амини, 22-годишна Курдка, уапсена три дена претходно за кршење на правилата за облекување на жените.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на летот: Патници се гушеa во авион, бараа итно слетување! (ВИДЕО)

Според претставникот за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, „инструментализацијата на кривичната постапка“ од Иран за казнување на демонстрантите „е еднакво на убиство одобрено од државата“.

ИЧП и другите невладини организации за човекови права допрва треба да објават статистички податоци за егзекуциите во Иран за 2022 година.

На почетокот на декември, ИЧП објави дека повеќе од 500 луѓе биле обесени, што е рекордна бројка во последните пет години.