САД подготвуваат закон за забрана на ТикТок

Сподели со своите пријатели

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД планира следниот месец да гласа за нацрт-законот со кој ќе се забрани популарната кинеска социјална мрежа ТикТок во Америка.

Loading...

Нацрт-законот, предложен од републиканецот Мајкл Мекол, ќе му овозможи на Вашингтон законски да ја забрани употребата на ТикТок поради загриженост за националната безбедност, пишува Ројтерс.

– Загрижени сме затоа што оваа апликација ѝ дава на кинеската влада увид во нашите телефони, изјави Меккол за Bloomberg News.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде во 2020 година да ги блокира новите корисници да преземаат ТикТок и да забрани парични трансакции што би ја блокирале употребата на апликацијата во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Во јуни 2021 година, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден формално се откажа од идејата.

Тик Ток, кој има повеќе од 100 милиони корисници во САД, се обидува да го убеди Вашингтон дека не собира лични податоци на граѓани, ниту дека може да пристапи до нивната содржина преку телефон и дека не може да биде манипулирана од Кинеската комунистичка партија. или било кој друг под влијание на Пекинг.