Покрај Лопате, Романовце и Липково – нова аптекарска станица и за Слупчане

Сподели со своите пријатели

Фондот за здравствено осигурување денес најави отварање на рурални аптекарски станици со кои директно ќе бидат опфатени повеќе од 90 илјади граѓани кои живеат во руралните средини каде е сместена аптекарската станица, како и огромен број граѓани кои живеат во соседните населени места кои конечно ќе можат да земаат лекови на рецепти.

Loading...

Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.

„ФЗОМ годишно издвојува значителна сума од скоро 2,5 милијарди денари за лекови за граѓаните во земјава. Тие соодветно се распределени на околу 750 аптеки и уште 46 аптекарски станици во земјава со што сакаме да овозможиме, граѓаните да заштедат и пари и време за набавка на неопходните лекови. Воедно со тоа овозможуваме и отворање на нови работни места“, рече директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.

Со овој проект се предвидени 46 аптекaрски станици на територијата на цела Македонија, од кои 45 се комплетно завршени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Потпишани се договорите помеѓу ФЗОМ и аптеките во следниве населени места: село Могила и село Долно Оризари, Битола; село Русиново, Берово; село Истибања, Виница; село Горно Јаболчиште и село Бузалково, Велес; Лозово; село Чајле, село Здуње и село Врапчиште, Гостивар; село Облешево, село Чешиново и село Оризари, Кочани; Зрновци ; село Конопница, Крива Паланка; село Лопате, село Романовце и село Липково, Куманово; село Дебреште, село Лажани, село Ропотово и село Житоше, Прилеп; село Конче и село Ињево; село Ораовица-Радовиш,; село Крани и село Царев Двор, Ресен; село Рашче, село Миладиновци, Зелениково, село Инџиково, село Маџари, село Бардовци, Пинтија во Скопје; село Велешта, село Боровец, село Радолишта, село Октиси и село Мислешево, Струга; село Дабиле, село Куклиш и село Банско, Струмица; село Нераште, село Палатица и село Жеровјане, Тетово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Преостанатата една аптека е во процедура и се очекува во најбрз можен рок да се потпише договорот меѓу Фондот и аптекарската станица во село Слупчане, Липково.

Leave a Reply