НАТО наскоро ќе најде решение кога станува збор за испорака на борбени тенкови на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој рече дека Алијансата „во овој клучен момент од војната“ мора брзо да обезбеди потешки и понапредни системи за Украина.
„Затоа, ја поздравувам нашата денешна дискусија. Разговаравме за прашањето за борбени тенкови. Консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат и убеден сум дека наскоро ќе имаме решение“, додаде Столтенберг.
Писториус на конференцијата истакна дека не недостасува единство меѓу сојузниците кога станува збор за испраќање тенкови во Украина.
Тој посочи дека Берлин брзо ќе реагира доколку се донесе позитивна одлука по ова прашање.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.