Шолц: Германија одлучува за испорака на оружје во Украина во соработка со сојузниците

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сите одлуки за испорака на оружје ќе бидат донесени во координација со сојузниците.

Loading...

Сè уште не е донесена одлука дали Украина ќе биде снабдена со германските тенкови Леопард 2 што ги побара Киев, бидејќи Западот стравува дека тоа може да доведе до ескалација на конфликтот.

Шолц им рече на новинарите во Париз дека сите испораки на оружје за Украина досега биле извршени во „блиска соработка со западните партнери“ и ќе продолжи да биде така и во иднина, пренесува Ројтерс.

Говорејќи на истата прес-конференција, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не ја исклучува можноста за испраќање тенкови Леклер во Украина.

Макрон рече дека испраќањето тенкови не смее да ја ескалира ситуацијата, мора да го земе предвид времето за обука на Украинците да бидат ефективни и не смее да ја загрози безбедноста на Франција.

Германски извори изјавија за Ројтерс дека ќе дозволат тенкови од германско производство да бидат испратени во Украина доколку САД се согласат да ги испратат своите тенкови.

Сепак, американските власти рекоа дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден не е подготвена да ги испрати своите тенкови, вклучително и М1 Абрамс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...