Куманово го совлада Чаир во првиот натпревар годинава

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово 2009 направија комплетен пресврт на гостувањето во Чаир, во второто полувреме надокнадија двоцифрена негатива, ја претворија во особено важен триумф.

Loading...

Екипата од Куманово имаше подобар почеток, во кој реализираа високо водство од (13:2). Но само до моментите од играта во кој се „вклучи“ тандемот на чаирчани Мохамед-Френклин. Звучи неверојатно, но за кратко време, Чаир 2030 го сврте резултатот во своја корист. Имаа домаќините неверојатна серија од (26-5), и во првиот период поведоа со (28:18).

Имаа момците од Чаир идентични (40:30), но финалните минути од втората четвртина беа за гостите од Куманово, доволно да намалат на (42:48).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја во понеделник и вторник повеќе кумановски села

Следуваше уште една серија, иако не налик на првата, за Чаир 2030, по која домашната екипа, која игра без поддршка од публиката (поради суспензијата) се одвои на (56:42).

Но тука како да им снема доволно енергија за конечен удар. Му оставија доволно простор на противникот, особено на искусните Марјан Јанески и Ненад Зивчевиќ, кои знаеја да ги казнат сите слабости на противникот, и да го донесат тимот од Куманово на негатива од само два поени (64:66).

Добриот ритам на гостинската екипа во кој свои минути имаше и Нацевски, продолжи и во четвртината на одлука. Гостите поведоа со (82:75), но и тоа не беше гаранција за конечен успех.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)

Новата мини серија на екипата од Чаир ја врати на само „половина кош“ негатива (81:82), за влегување во драматични моменти.

При сличен скор (86:87), Мохамед не погоди за промена на водството. „Мирни“ од линијата за слободни фрлања беа, прво Џојнер, потоа и Јанески, најдобриот поединец во Куманово 2009.

Loading...

За победа, и своевиден реванш за загубените бодови на првиот меч во сезоната, одигран во Куманово.

Јанески заврши со дабл-дабл ефект од 29.поени и 13.скока, Зивчевиќ го испрати со 22.реализации, додека пак кај домашниот тим дабл-дабл скор направи и Јусуф Мохамед, кој имаше 26.поени и 10.скока, беше следен од Френклин кој застана на ефект од 17.поени и 8.скока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане