Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска соопшти дека војник на француската легија на странци, Евгениј Кулик, е пронајден мртов во источна Украина, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).
„Колегите од француската легија на странци побараа да го најдеме Евгениј Кулик“, напиша Пригожин на Телеграм и постави фотографија од личните документи на Кулик.
Пригожин рече дека жали што информира дека Кулик е пронајден мртов на територијата на ДНР, пренесе Ројтерс.
Киев сè уште контролира голем дел од ДНР, која прогласи независност во 2014 година, а минатата година Москва го анектираше тој дел од Украина на Руската Федерација, откако одржа референдум за приклучување кон три други украински региони: самопрогласената Луганска Народна Република, како и регионите Херсон и Запорожје.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.