Бројни европски кралски семејства се собраа денеска во Атина за да присуствуваат на погребот на поранешниот грчки крал Константин.
На погребот, меѓу другите, ќе присуствува и сестрата на британскиот крал Чарлс, принцезата Ана со нејзиниот сопруг, како и шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција.
Погребот ќе се одржи во градската катедрала во центарот на Атина, со силно обезбедување.
Грчкиот бискуп Јеронимос ќе ја предводи погребната поворка која се очекува да започне во 11 часот.
Неколку часа пред погребот, ожалостените се собраа пред катедралата, каде што беше положено телото на Константин, но само 200 луѓе ќе можат да присуствуваат на погребот.
Константин, кој е братучед на британскиот крал Чарлс и кум на принцот Вилијам, поголемиот дел од својот живот го поминал во егзил по референдумот во Грција во 1974 година, кога народот ја отфрлил монархијата, наведува Ројтерс.
Тој почина на 10 јануари на 82-годишна возраст во болница во Атина.