На Јамајка запленет кокаин вреден 80 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Јамајканските власти заплениле кокаин вреден 80 милиони долари кој бил скриен на брод во пристаништето Кингстон, што е едно од најголемите заплени на наркотици во таа земја, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Припадниците на граничната полиција на Јамајка откриле пратка со наркотици скриена во товарен брод кој пристигнал од јужноамериканска земја, но името на бродот не е соопштено, пренесува Ројтерс.

Се проценува дека вредноста на запленетата дрога е околу 80 милиони долари, а во соопштенијата на полицијата и армијата на Јамајка е потврдено дека се откриени повеќе од 1.500 килограми кокаин, кој бил спакуван во 50 вреќи со 1.250 пакувања секој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мароко планира да убие три милиони кучиња скитници за Светското првенство

Транснационалните криминални организации долго време ја користат Јамајка како центар за операции за шверц на оружје и дрога во Северна Америка и Европа, вклучително и шверц на кокаин, според Ројтерс.