Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е знак за неуспех на Москва тоа што имало внатрешни руски препукувања околу тоа кој е најодговорен за тактичкиот напредок во Соледар.
„324 дена целосна војна и како сè се промени за Русија. Тие веќе се расправаа за тоа кој треба да биде заслужен за некаков тактички напредок. Ова е јасен знак за неуспех за непријателот. И тоа е уште еден поттик за сите нас да извршиме уште поголем притисок врз окупаторот и да му нанесеме поголеми загуби на непријателот.
Тешката битка за Доњецк продолжува. Битката за Бахмут и Соледар, за Кремина, за други градови и села на истокот од нашата земја продолжува.
„Иако непријателот ги концентрираше своите најголеми сили во оваа насока, нашите војници ја бранат земјата“, рече Зеленски во изјавата, според Си-Ен-Ен.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.