Американската морнарица пресретнала рибарски брод со 2.000 пушки

Сподели со своите пријатели

Петтата флота на американската морнарица пресретнала рибарски брод во Оманскиот залив кој шверцувал нешто повеќе од 2.000 автомати АК-47 од Иран во Јемен, соопшти денеска прес-службата на американската морнарица.

Loading...

Бродот бил пресретнат на рута која во минатото се користела за транспорт на нелегални пратки до Хутите во Јемен, а екипажот бил составен од шест јеменски државјани, пренесува Ројтерс.

„Оваа пратка е дел од континуираниот модел на дестабилизирачки активности од Иран“, рече командантот на 5-та флота на американската морнарица, Бред Купер, додавајќи дека таквите закани го привлекуваат вниманието на морнарицата.

„Остануваме во состојба на висока готовност за да откриеме каква било поморска активност што ја попречува слободната навигација или ја загрозува регионалната безбедност“, рече Купер, а пренесува порталот DVIDS.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

Во последните два месеци Петтата флота пресретна уште два рибарски брода во Оманскиот залив кои шверцувале оружје од Иран во Јемен, пренесува Танјуг.