Ќерка на поранешниот ирански претседател е осудена на пет години затвор

Сподели со своите пријатели

Фаиза Хашеми Рафсанџани, ќерката на покојниот поранешен ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, е осудена на пет години затвор.

Loading...

Нејзиниот адвокат не соопшти повеќе детали, освен дека пресудата не е правосилна, но се знае дека јавниот обвинител во Техеран ја обвини Фаиза Хашеми за „пропаганда против системот“, пренесува агенцијата ИСНА, пренесува Ројтерс.

Минатиот септември, иранските државни медиуми објавија дека таа била уапсена за „поттикнување немири“ во Техеран, за време на протестите предизвикани од смртта на младата Курдска девојка, Махса Амини, во полициски притвор.

Ќерката на поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, кој почина во 2017 година, исто така беше уапсена во 2012 година и осудена на шест месеци затвор за „пропаганда против режимот“ и забрана за политичка работа поради „антидржавна пропаганда“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Франциско апелираше за храброст да се подобри светот

Рафсанџани, претседател на Иран од 1989 до 1997 година, а по напуштањето на претседателската функција беше влијателна личност во Иран и на чело на институција која посредуваше во споровите меѓу националниот парламент и Советот на чувари.