Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек изјави денеска дека земјата секогаш ќе ја приспособува испораката на оружје за Украина во согласност со потребите на бојното поле.
„Нема да застанеме со испораките на оружје за Украина. Секогаш ќе ги прилагодуваме нашите испораки според потребите на бојното поле“, рече Хабек на норвешка деловна конференција, пренесе Ројтерс.
Официјален претставник на Елисејската палата вчера изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон му потврдил на својот украински колега Володимир Зеленски дека Франција ќе испрати лесни борбени оклопни возила AMKS-10 RC во Украина за да помогне во војната против Русија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.