Туната на пазар во Јапонија продадена за 257.000 евра

Сподели со своите пријатели

Туна тешка 212 килограми е продадена за 36 милиони јени (257.000 евра) на новогодишниот аукциски пазар во Токио.

Loading...

На оваа аукција рибата достигна двојно повисока цена од првата продажба минатата година.

Ова укажува на тренд на закрепнување на пазарот по три години пад на цените поради пандемијата.

Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, познат како „кралот на туната“, платил 2,7 милиони евра за туна тешка 278 килограми на пазарот во Токио во 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)