Хеликоптер падна во морето, четворица се водат за исчезнати

Сподели со своите пријатели

Четири лица се водат како исчезнати откако се урна хеликоптер кој полета од нафтена платформа во Мексиканскиот залив, соопшти американската крајбрежна стража.

Loading...

Потрагата траела осум часа и сѐ уште не се знае дали потрагата ќе продолжи денеска пред пладне, јавува Танјуг.

„Секогаш е тешко да се донесе одлука да се прекине потрагата“, рече поручникот Кевин Киф, Сектор Њу Орлеанс.

Пилотот на хеликоптерот и тројца работници од нафтената платформа паднале во Мексиканскиот залив, изјави Хозе Хернандез, портпарол на Осмиот округ на крајбрежната стража во Њу Орлеанс.

„Досега најдовме само делови од хеликоптерот, но не и луѓе“, додаде Хернандез.

Потрагата со бродови и хеликоптери опфати површина од околу 460 квадратни километри, а Хернандез рече дека се чини дека временските услови не биле фактор за падот.

Хеликоптерот паднал на околу 16 километри од брегот.