Захарова: Русија се залага за опстанок на ОН

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија се залага за опстанок на Обединетите нации и за нивната способност да одговорат на современите предизвици и да решаваат итни проблеми.

„Се бориме оваа организација да остане, и не само номинално, туку да може да одговори на предизвиците на нашето време, односно да решава итни проблеми“, изјави Захарова за радио „Спутник“.

Како еден од примерите за потребата од ОН, таа го наведе морското пиратство, предупредувајќи дека укинувањето на меѓународното право ќе го турне светот „во бездната на архаизмот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Грција се стресе недалеку од Атина

Захарова, исто така, го нагласи значењето на претседателот на Генералното собрание на ОН, наведувајќи дека тој е достапен речиси секој ден и дека без него десетици земји нема да имаат можност да ги изразат своите ставови, објави РИА Новости.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров учествуваше на неделата на високо ниво на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој се обрати пред Советот за безбедност на 23 септември и пред Генералното собрание на 26 септември, за време на тридневната посета во која одржа околу 50 состаноци.