Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ал Хамра е дестинација која се повеќе се наоѓа на листата на многу љубители на необични патувања и една од најстарите во Оман.

Loading...

Стои во подножјето на планините околу 400 години, а бил изграден од кал.

Повеќето куќи се напуштени, а шетањето низ тесните улички навечер е посебно искуство.

Може да се каже, и тест за храброст за оние кои се плашат од темнината.

Штом сонцето ќе зајде под хоризонтот, само мачките можат да го најдат својот пат во темнина бидејќи нема улични светла.

Една од омилените активности на туристите е качувањето по покривите и уживањето во глетката, односно фотографирањето на малку натприродниот пејсаж.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Ал Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму.

Блиското село Мисфат Ал Абријен, се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1.000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.

Loading...