Американски нуклеарен бомбардер се запали при принудно слетување

Сподели со своите пријатели

Американскиот нуклеарен бомбардер „Б-2 Спирит“ принудно слета во воздухопловна база во Мисури поради дефект и се запали при принудното слетување.

Loading...

Во тој инцидент нема повредени, а штетата на леталото сѐ уште се утврдува, објави американската воена веб-страница Милитари.

Информациите за тој инцидент ја потврдија и американското воено воздухопловство.

Б-2 Спирит е тежок бомбардер со стелт технологија, способен да носи и конвенционално и нуклеарно оружје.

Во 1992 година, американскиот претседател Џорџ Буш објави дека вкупниот број на авиони Б-2 ќе биде 20, кој подоцна беше зголемен на 21.

За прв пат беше употребен за време на НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.

Б-2 Спирит се урна при полетување во 2008 година во Гуам. Пилотите преживеале, додека авионот бил уништен.

Авионот е двосед, по можност може да им се придружи и инженер за летање. Тежи 188 тони, носи 90 тони гориво и може да носи 34,5 тони оружје.

Loading...

За неговиот лет потребно е да се ангажираат околу 15 ловци како и Авакс да го водат, а во случај на несреќа, остатоците веднаш да бидат бомбардирани.