Migrants walk past a railway track after crossing into Macedonia, near the border with Greece, August 27, 2015. Migrants are trekking from the southern Macedonian border near Gevhelija to the northern border with Serbia on their way to Western Europe. REUTERS/Ognen Teofilovski - RTX1PV44
МВР: Вчера издадени 931 потврда за бегалците
On:
Сподели со своите пријатели
Во текот на вчерашнито ден биле издадени потврди на вкупно 931 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што бројката од почетокот на годината до сега достигна 53.434, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од потврдите се издадени на возрасни мажи и тоа 395, 324 на деца бегалци, додека во нешто помала бројка се жените – 212. Според државјанствната пак, најголемиот дел од потврдите биле издадени на државнјани од Авганистан – 351, Сирија – 297 и Ирак – 283.
А, пак до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.