Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани Чафи денеска изјави дека соработката на Иран со Русија се заснова на заеднички интереси и не е насочена против трети земји.
Тој посочи дека тврдењата дека Иран произведува дронови во Русија и дека Москва купува ракети од Техеран се „политички мотивирани и направени од земји кои постојано обезбедуваат оружје на една од страните во конфликтот, со што придонесуваат за неговото продолжување“, агенцијата ТАСс.
– Иран повеќе пати го изрази својот став. Ние не сме страна во конфликтот во Украина и веруваме дека дипломатско решение е начин да се стави крај. Неколку пати нагласивме дека не испративме оружје на ниту една страна – изјави портпаролот на иранското Министерство.
Во август, „Вашингтон пост“ објави напис во кој се наведува дека Иран ги испорачува своите беспилотни летала на Русија, а подоцна слични тврдења изнесоа и претставници на американската администрација.
Москва и Техеран постојано ги отфрлаа наводите дека Русија прима ирански беспилотни летала за употреба во Украина, потсетува руската агенција.