Благо намалена годишната инфлација во Турција

Сподели со своите пријатели

Годишната инфлација во Турција во ноември за првпат е благо намалена по постојан раст нешто повеќе од една година, објави Турскиот статистички институт.

Loading...

Потрошувачките цени за годинава се зголемени за 84,39 отсто во ноември наспроти растот од 85,51 отсто во октомври.

Месечната стапка на инфлација во ноември изнесуваше 2,88 отсто, наспроти 3,51 отсто во претходниот месец.

Тоа е првпат годишната инфлација да се намали од мај 2021 година.

Додека пандемијата и руската инвазија на Украина ја поттикнаа инфлацијата ширум светот, економистите веруваат дека инфлацијата во Турција е поттикната од верувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека зголемувањето на каматните стапки предизвикува инфлација.

Традиционалното економско размислување вели дека зголемувањето на каматните стапки помага да се држи инфлацијата под контрола.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.