Украина го отпушти заменик-главниот инженер на нуклеарната централа Запорожје кого го обвини за соработка со руските сили и предавство, соопшти денеска украинската државна компанија Енергоатом.
Loading...
Ден претходно Русија објави дека инженерот Јуриј Черничко е назначен за директор на нуклеарната централа во југоисточна Украина, која е под контрола на руските сили, објави Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.