Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина се подготвува за се и дека се размислува за евакуација на жителите.
Во интервју за РБЦ-Украина, Кличко побара од секој граѓанин на Киев да разгледа различни сценарија и да биде подготвен, бидејќи, како што наведе, воените податоци покажуваат дека руските сили планираат да продолжат со нападите врз инфраструктурата на Украина.
Кличко рече дека би било голема грешка да не се подготвиме за различни сценарија, пренесува Униан.
Тој посочи дека властите во Киев прават се за да спречат целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија, но дека е важно да се разбере дека мора да се подготви за се.
Кличко истакна дека веќе постои акционен план, дури и во случај на евакуација.
„Не го исклучувам најлошото сценарио. Целосна евакуација нема да има, можеби делумна, но не може да се нарече евакуација. Тоа е привремено преселување на одредени категории луѓе во приградски населби, каде што ќе можат да работат“, изјави Кличко, пренесе Танјуг.
Кличко им порача на граѓаните на Киев дека е неопходно да се обезбеди техничка и вода за пиење, храна, топла облека, како и полнење телефони и лаптопи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.