Снабдувањето со вода и струја во Киев е главно обновено

Сподели со своите пријатели

Украина вчера го обнови снабдувањето со вода во Киев, еден ден по руските ракетни напади низ земјата.

Loading...

Комуналните претпријатија се борат целосно да ја вратат електричната енергија во главниот град.

По силните напади врз украинската инфраструктура во средата, водоводот во градот со три милиони жители целосно пропадна поради прекин на електричната енергија.

Во многу делови од главниот град откажа градското парно и немаше струја, интернет или мобилна врска.

Делови од Киев и вчера попладне беа без струја.

Заменик-шефот на претседателската канцеларија Кирило Тимошенко имаше оптимистичка порака.

– Всушност, сите области на Украина се снабдени со електрична енергија. – рече Тимошенко.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека во својот врв дури 70 отсто од градот бил без струја.

Loading...

– Комуналните служби работеа без престан на санирање на штетите, но снабдувањето со електрична енергија зависи и од стабилноста на целиот енергетски систем во Украина. – рече градоначалникот.

Во средата руската армија истрела околу 70 проектили и беспилотни летала кон Украина.

Како и во претходните напади, целите беа главно енергетски објекти.

Во меѓувреме, безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожје останува проблем.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.