Русија и Украина преговарале во Абу Даби минатата недела?

Сподели со своите пријатели

Претставници на Русија и Украина се состанале минатата недела во Обединетите Арапски Емирати за да разговараат за можна размена на затвореници поврзана со континуираниот извоз на руски амонијак во Африка и Азија преку украинскиот гасовод, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со состанокот.

Loading...

Изворите наведоа дека разговорите биле посредувани од заливската земја и дека Обединетите нации не биле вклучени, и покрај фактот што ОН одиграле централна улога, заедно со Турција, во потпишувањето на Договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија.

Руските и украинските делегации отпатувале во Абу Даби на 17 ноември, каде што разговарале за продолжување на извозот на руски амонијак, а за возврат за ослободување на голем број украински затвореници, како и руски, додаваат изворите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена тајна снимка: Трамп му се заканува на Путин: Ќе ја разнесам Москва со бомби

Ројтерс истакнува дека сè уште не може да утврди колкав напредок е постигнат за време на разговорите.

Украинскиот амбасадор во Турција, Васил Боднар, изјави за британската новинска агенција дека „ослободувањето на украинските затвореници е дел од преговорите поврзани со рускиот извоз на амонијак“, но додаде дека не знаел дека таква средба се одржува во Емирати.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ, министерствата за одбрана и надворешни работи на Русија и Украина не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.

Извозот на руски амонијак би одел преку постоечкиот гасовод до Црното Море.

Гасоводот е изграден за да испумпува 2,5 милиони тони амонијак годишно од рускиот регион Волга до украинското пристаниште Пивденји, наречено на руски Јужни, во близина на Одеса.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголем напад до сега: Русија испука над 700 дронови врз Украина

Терминалот беше затворен за странски клиенти кога Русија ги испрати своите војници во Украина на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.