Не сакаат карантин: Работници во фабрика за Ајфони се судрија со властите во Кина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи беа објавени снимки од големите протести кои избија во фабриката за Ајфони во Кина.

Loading...

Објавени се видеа од протести во големата фабрика за Ајфони на Foxconn во кинескиот град Женгжу.

На снимката се гледаат стотици работници кои маршираат по патот, некои од нив се судираат со полицијата и луѓе кои носат скафандери кои штитат од коронавирусот.

На некои видеа работниците се жалат на квалитетот на храната, а други не се задоволни од исплатата на бонусите кои им биле ветени.

Во едно видео работниците скандираат: „Бранете ги нашите права!“ а во исто време се судриле со полицијата во возило чии светла се насочени кон нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

Лицето што го снимило видеото вика: „Тие брзаат кон нас! Димни бомби! Солзавец!” објави АФП.

 

Loading...

 

На една фотографија се гледаат изгорените остатоци од вратата на фабриката.

Ројтерс не може да потврди дека видеата се автентични, а Фокскон сѐ уште не ги коментирал немирите.

Хаштагот „Foxconn Riots“ е цензуриран на кинеската социјална мрежа Веибо.

Протестот се одржа во Женгзгу, односно во најголемата фабрика за iPhone во светот, каде работат околу 200.000 работници.

Многу работници избегаа од таму поради лошите услови за работа и начинот на кој управата се справуваше со случаите на коронавирусот.

За да го продолжи производството, раководството ангажирало повеќе работници, ветувајќи повисоки плати и бонуси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател

Фабриката функционирала на тој начин што работниците живееле таму, отсечени од остатокот од светот, кој бил воведен поради борбата против корона вирусот во Женгжу.

Loading...

Поради проблеми со производството, Apple на почетокот на овој месец објави дека очекува одложување на испораката на премиум iPhone 14.