Страшни снимки од земјотресот кој ја погоди Турција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во средата ја погоди западна Турција, објави во средата Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

 

 

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета, иако снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат значително тресење и неколку уништени автомобили на автопатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка планира три нови воени бази на Гренланд

„Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри“, додава EMSC.

 

 

Според турската Агенција за управување со вонредни состојби (АФАД), која регистрираше јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, епицентарот на земјотресот бил во Гољак, област во северозападната провинција Дузче.

 

 

„Ги проверивме речиси сите села околу Гољака. Нема извештаи за сериозни штети. Имаше прекин на електричната енергија, но властите работат на тоа што поскоро да се врати снабдувањето со електрична енергија. изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел воведува егзекуции и јавни судења за вклучените од нападот на 2023та

 

 

Министерот за здравство Фахретин Коча на Твитер напиша дека 35 лица се повредени.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Истанбул и Анкара.