Македонија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за унапредување на билатералната соработка

Сподели со своите пријатели

Во рамки на денешната меѓувладина седница на Северна Македонија и Албанија, ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми кои се однесуваат на повеќе области.

Loading...

На потпишувањето присуствуваа премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија Еди Рама. Премиерите посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на двете земји.

Договорите и меморандумите се однесуваат на соработка во делот на евроинтегративниот процес, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување на двете држави, стандардизација на услугите во сферата на дигиталната технологија, меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро, за соработка во областа на јавните финансии, развој на претприемништво и друго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата за менување на владеачката структура

Договори и меморандуми со министерствата од Владата на Албанија потпишаа Секретаријатот за европски прашања, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за здравство, Министерството за култура и Министерството за надворешни работи.