X-37B изгледа како намален шатл, а сите негови летови се обвиткани во тајност. Воздухопловните сили на САД сега открија дека леталото имало нов модул на задната страна за да можат да направат повеќе тестирања.
Експериментално американско воено вселенско летало се врати од вселената во неделата, по 908 дена во орбитата, надминувајќи го сопствениот рекорд за 129 дена.
Беспилотното летало X-37B, произведено од Боинг, слета во базата во Флорида, со што заврши мисијата ОТВ-6.
Самото летало наликува на вселенски шатл, но со должина од 8,8 метри, тоа е приближно една четвртина од неговите димензии.
Ова беше и прва мисија на која леталото носеше додаток на задната страна, што овозможи да се изведат поголем број експерименти на мисијата.
Тој модул, со кој војската им обезбеди на партнерите поевтин пристап до вселенско тестирање, беше отфрлен пред слетувањето, за да може леталото безбедно да лета.
Познато е дека еден експеримент бил направен од Поморската истражувачка лабораторија и бил фокусиран на претворање на сончевата енергија во микробранова радијација, а била тестирана и издржливоста на различни материјали во вселенски услови.
Третиот тест носел семиња и ја испитуваше долгорочната изложеност во вселената со фокус на зрачењето.
Ваквото истражување би можело да помогне во идното одгледување на различни култури при долготрајни меѓупланетарни мисии.
– X-37B продолжува да ги поместува границите на експериментирањето. Способноста да се вршат вакви долгорочни експерименти во орбитата и да се вратат на анализа се покажа како исклучително вредна за воздухопловните сили и научната заедница, а сервисниот модул ни овозможи да извршиме уште многу експерименти – велат од американското воено воздухопловство.