Најмалку две лица загинаа додека тропската бура Никол ја премина Флорида и слабее, но сепак носи обилни врнежи и силни ветрови кои ги уриваат далноводите и предизвикуваат поплави.
Бурата Никол го зафати брегот на Атлантикот северно од Мајами во четвртокот, оставајќи околу 350.000 домови и деловни објекти без струја, достигнувајќи урагански ветрови од 120 километри на час, објави Ројтерс.
Се прогнозира дека „Никол“ денеска ќе стане посттропски циклон и ќе продолжи да носи обилни врнежи на југоисток, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Гувернерот на Флорида Рон де Сантис на прес-конференција рече дека се ставени ресурси за справување со последиците од невремето.
Ураганот „Иан“ ја погоди источна Флорида пред шест недели кога ја достигна силата на четврта категорија и кога повеќе од 140 луѓе загинаа и предизвика штета од околу 60 милијарди долари, потсетува британската агенција.