Во Мичиген изгласано правото на абортус

Сподели со своите пријатели

Гласачите во американската сојузна држава Мичиген гласаа за правото на абортус да биде загарантирано со државниот устав, приклучувајќи им се на Калифорнија и Вермонт, кои претходно се одлучија на тој чекор.

Поддржувачите на правата на абортусот во Мичиген собраа повеќе потписи од која било претходна иницијатива за гласање во историјата на државата пред прашањето да излезе пред гласачите, објави АП.

Ова стави крај на забраната за абортус од 1931 година. Во САД, околу две третини од гласачите мислат дека абортусот треба да биде легален во повеќето или во сите случаи, според анкетата на АП на повеќе од 90.000 гласачи ширум земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Историска пресуда“: МЕТА осудена за измама на потрошувачите, мора да плати 375 милиони долари

Се додава дека само еден од 10 испитаници смета дека абортусот треба да биде забранет и незаконски во сите случаи, пренесува Танјуг.