Шолц: Безбедноста е загрозена, мора итно да реагираме

Сподели со своите пријатели

Сегашната ситуација бара итен одговор поради заканите по безбедноста и слободата поради агресијата на Русија. Затоа мора да се решат регионалните конфликти. Така, на пример, процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово мора да напредува, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, на отворањето на Самитот на Берлинскиот процес во германската престолнина.

Loading...

Шолц рече дека граѓаните на Западен Балкан можат да сметаат на Германија и на Берлинскиот процес и дека само заедно може да се постигне напредок, да се заштитат европските вредности и да се постигне напредок на континентот и во светот.

„Заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“.

Шолц рече дека во првата година од неговиот мандат разговарал со многу шефови на влади и држави од регионот, особено за стабилноста на Западен Балкан, бидејќи стабилноста на регионот, како што рече, не може да се гледа одвоено од стабилност на Европа.

Тој посочи дека Берлинскиот процес е за охрабрување на напредокот во очекувањата на регионот кои беа покренати пред повеќе од 20 години.

„Тоа сега мора да се претвори во реалност“, рече Шолц.

Германскиот канцелар рече дека денеска лидерите на Западен Балкан ќе преземат три важни чекори, склучувајќи три важни договори (за патување со лични карти, признавање на дипломи и професионални квалификации).

Тие договори, додава тој, придонесуваат за создавање на заеднички регионален пазар, кој е суштински за економијата и инвестициите, а овозможуваат и патување на граѓаните само со лична карта.

Loading...

„Ви честитам што по две години преговори ги прифативте тие договори кои ве доближуваат до стандардите на ЕУ и сите сакаат да соработуваат со ЕУ. Овој процес покажува резултати, изградени се патишта и железници, олеснет е контактот меѓу земјите од регионот и сакаме дополнително да ја прошириме оваа соработка“, објасни Шолц.

Тој потсети дека повеќе од 800 студенти, благодарение на договорот во рамките на Берлинскиот процес, можеа да учествуваат во програмата за размена.

„Тоа е иднината на Западен Балкан. Интегрирана иднина без граници, која е важна за младите и за регионот во целина“, подвлече канцеларката.

Тој посочи дека енергетската безбедност ќе биде важна тема на средбата и изрази задоволство што сите земји од регионот се обврзаа на соработка со ЕУ преку Енергетската заедница.

Подготвени сме да ве поддржиме во оваа област, на краток и на долг рок“, рече Шолц.

Тој потсети дека на самитот му претходеле средбите на министрите за внатрешни и надворешни работи од Берлинскиот процес и рече дека е важна борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Клучот за решавање на тие проблеми е поблиската соработка со ЕУ“, рече тој.