„Сите ние во британската влада го прочитавме лудиот есеј на Путин за Украина што тој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ на тема Косово“, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон во големото интервју за Скај.
Тој ја нарече „катастрофална грешка“ одлуката на Путин да ја нападне Украина.
– Слободан сметаше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера – додаде тој.
Тој рече дека мисли оти Владимир Путин нема да користи тактичко нуклеарно оружје во конфликт.
– Со тој потег Русија би го напуштила општеството на цивилизираните држави. За нив тоа би било целосна трагедија. Економски би биле „замрзнати“ – смета тој.
Тој е сигурен дека реакцијата на руската употреба на нуклеарно оружје ќе биде брза.
– Има повеќе опции. И НАТО и државите П3 (САД, Обединетото Кралство, Франција) – вели Џонсон.
– Но, шансите да употреби нуклеарно оружје се многу, многу мали… Би бил луд да го направи тоа – вели Џонсон.
Тој се осврна и на одредени земји од Африка, Јужна Азија и Латинска Америка, кои на некој начин „стоеле“ со Русија.
Смета дека веднаш би се оградиле од Москва доколку Кремљ реши да употреби нуклеарно оружје.
– Тој би го изгубил и клучното „покровителство“ на Кина. А во Русија реакциите секако би биле хистерични – вели Џонсон.
Џонсон, исто така, рече дека светот не треба да го принудува Киев на компромиси бидејќи тоа само ќе го охрабри Путин да биде уште поагресивен. Тој верува дека Украина ќе ја добие војната.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.