Пентагон изрази загриженост поради можна нова испорака на ирански ракети во Русија

Сподели со своите пријатели

Пентагон верува дека Русија би можела да побара дополнително напредно оружје од Иран за напади врз Украина, беше речено денеска на прес-конференција во Вашингтон, јави Си-Ен-Ен.

Loading...

– Загрижени сме поради можноста Русија да побара дополнително напредно оружје од Иран, како што се ракети земја-земја, за да ги користи во Украина – изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

Си-Ен-Ен претходно денеска објави дека Иран се подготвува да ѝ испрати на Русија дополнителни 1.000 оружја, вклучувајќи балистички ракети со краток дострел и повеќе дронови Шахид-136, познати и како дронови камикази.

– Иран испрати дронови во Русија, а Пентагон очекува дека Русија најверојатно ќе побара уште дронови од Иран – рече Рајдер.

Руското барање за испорака на дополнително оружје од Иран е „индикативно бидејќи сугерира дека двете земји ги здружиле силите во нападот на Украинците“, изјави портпаролот на Пентагон.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.