ОН немаат капацитет да истражуваат биолошки лаборатории во Украина

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации немаат ниту мандат, ниту технички можности да ги истражат обвинувањата на Русија поврзани со активноста на биолошките лаборатории во Украина, изјави заменик високиот претставник на ОН Адабај Ебо.

Loading...

„Свесни сме дека Русија испрати официјална жалба во согласност со членот шест од Конвенцијата за забрана на биолошкото и отровното оружје во врска со активноста на биолошките лаборатории во Украина“, рече Ебо.

Тој потсети дека високиот претставник на ОН за прашањата за разоружување Изуми Накамицу во март и април годинава зборуваше за фактот дека ОН не се запознаени со никакви програми за биолошко оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската војска ја презема контролата врз селото Украинка во ДНР

„Тоа е точно и денес. Исто така, би сакал да напоменам дека ОН во моментов немаат ниту мандат, ниту технички и оперативни можности да ги истражат тие информации“, рече Ебо, пренесе Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.