Три бронзени медали за КБК „Куманово 2006“ од БиХ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со три бронзени медали се враќаат кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ од Меѓународниот турнир што викендов се одржа во Тешаљ, Босна и Херцеговина.

Loading...

Лука Велковски во полуфиналето се сретна со Сандро Николиќ од Хрватска и на поени загуби во рамноправна и фајтерска борба.

 

 

Марко Бошковски во полуфиналето загуби на оени од Ахмед Синадовиќ од Босна и Херцеговина.

– Ова за Бошковски беше прва меѓународна борба, во која покажа големо срце и му предвидувам усех и во иднина. Велковски стандардно учествува и освојува медали и претендира за големи достигнувања, вели неговиот тренер Сашо Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег

 

Loading...

 

Настап имаше и Јосиф Илиевски во мадинска конкуренција.

– Севкупно сум задоволен од прикажаните борби и настапи на членовите на нашиот клуб и очекувам успех и во иднина, изјави тренерот Сашо Илиевски.

 

 

На тунирот учествуваа над 500 натпреварувачи од 10 држави. Македонските клубови севкупно освоија трето место со 49 медали.

Loading...

– Тоа е за офалба и знак дека кик-боксот оди во нагорна линија и нашата држава рамноправно се носи со другите во регионот. Благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и ОССК Куманово кои помогнаа да го реализираме учеството на турнирот, додава Илиевски.

 

Никола Ивановски