Бритни Де Ла Мора можеби не е познато име, но оваа 31-годишна жена поминала речиси десет години во порно индустријата под името Џена Присли.
Бритни најпрво почнала да танцува во стриптиз клубови за да заработи пари и да заврши факултет. Таа тврди дека пораснала во скршено семејство, па никогаш не знаела колку вреди.
– Рано открив дека ако сум гола во присуство на мажи, ќе го добијам тоа што не го добив дома, што беше потврда дека вредам нешто – објасни таа.
Бритни раскажала и дека откако наполнила 18 години, ѝ пришле двајца мажи во стриптиз-клубот каде што работела.
View this post on Instagram
Мажите ѝ објасниле дека се продуценти на порно филмови во Лос Анџелес, и ѝ кажале дека е убава и дека е предодредена да биде ѕвезда.
Следниот ден се сретнала со нив за да се фотографира и да му ги испрати на агентот.
– Од тој момент ме презеде врвна агенција и седум години бев во порно индустријата. Уживав да снимам филмови за возрасни околу еден месец, додека не открив дека имам СПБ(сексуално пренослива болест). Никогаш порано не сум се заразила со СПБ, па во тој момент си помислив: „Што правам во овој бизнис?“ – објасни таа.
Но, нејзината гордост ја спречила да се откаже. Не сакала да си признае дека греши, па само продолжила и тогаш животот ѝ тргнал надолу.
Почнала да користи дроги како кокаин и хероин бидејќи режисерот ѝ рекол дека мора да ослабне, иако имала 48 килограми.
Бритни редовно завршувала на листите на една од најжешките порно ѕвезди и месечно заработувала околу 30 илјади долари кои ги трошела на дрога.
Исто така, таа возела нов „мерцедес“ и купувала само брендирани чанти.
По три години, таа достигнала точка на прекршување и ја напуштила индустријата и почнала да оди во црква со нејзиниот дедо, каде што, како што рече, „го запознала Исус како свој Господ и Спасител“.
Но, во тоа време во нејзиниот живот влегол маж, кој се покажал дека е макро, па таа се вратила на порнографијата уште три и пол години.
Додека била во врска со овој човек, Бритни почнала да ја чита Библијата и да го развива својот однос со Бог, додека еден ден не почувствувала силен нагон да го сврти својот живот.
– Одев да снимам порно сцена во Лас Вегас и ја зедов Библијата со мене во авионот, и ги прочитав стиховите. Во тој момент почувствував дека Бог ми кажува дека тоа не е животот што го има за мене и дека има нешто многу поголемо за мене. Чувствував дека ми вели да ја напуштам индустријата и ми ветуваше дека мојот живот ќе се промени. Така ја напуштив порно индустријата тој ден, во 2012 година – изјавила Бритни.
Таа сега е мажена за свештеник по име Ричард и тврди дека нејзиниот сопруг и таа веруваат дека најдобриот однос е со Бог и едни со други.
Исто така, таа сака да испрати порака до жените кои размислуваат да снимаат филмови за возрасни.
Таа ги советува да не се мешаат и тврди дека Бог ја спасил.
View this post on Instagram
Сега таа е свештеник кој го проповеда евангелието со нејзиниот сопруг во црква во Сан Диего.
– Луѓето постојано ме прашуваат дали сум загрижена што мојата порнографија сѐ уште е на интернет. Па, немам контрола над тоа. Не можам да ги отстранам тие работи бидејќи го потпишав договорот што не ми пречи што секогаш ќе биде на интернет – изјави таа.
Сепак, таа призна дека се грижи да мора да им го објасни своето порно минато на своите деца, нешто што според неа треба да ги исплаши и жените кои размислуваат да влезат во порно индустријата.
– Што и да барате во порно индустријата, нема да го најдете. Потврдата што ја барав ја најдов во Бога. Ќе ти ја исполни желбата на твоето срце, ќе ти го исполни копнежот во душата, ќе ти го излечи скршеното срце и тоа со ниту една пари не може да го купи – заклучила таа.