Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во средата изјави дека има „многу мали шанси да се спречи геноцид“ во неговиот роден регион Тигра, во северна Етиопија.
Тедрос, кој претходно беше министер за здравство и министер за надворешни работи на Етиопија, остро ги критикуваше етиопските власти за време на двегодишната војна, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
Владата пак го обвини дека се обидел да набави оружје и да обезбеди дипломатска поддршка на бунтовничките сили, што тој го негираше.
Во своите најостри коментари за војната досега, Тедрос рече дека храната и здравствената заштита се користат како оружје за војна во Тигра, кој во голема мера е отсечен од надворешниот свет.
Неколку илјади луѓе загинаа
„Нема друга ситуација во светот во која шест милиони луѓе се држат под опсада речиси две години“, рече Тедрос и посочи дека има мали шанси да се спречи геноцид.
Портпаролот на етиопската влада Легесе Тулу, советникот за национална безбедност на премиерот Редван Хусеин и портпаролот на премиерот Билен Сејум не одговорија на барањата за коментар.
Етиопската влада постојано негираше дека ги блокирала хуманитарните резерви за Тигре или дека нападнала цивили.
Во конфликтот во таа област досега загинаа илјадници луѓе, милиони се раселени, а стотици илјади луѓе се на работ на глад.