Најмалку две лица загинаа, а едно е тешко повредено во напад со нож во градот Лудвигсхафен во западна Германија, изјави портпаролот на полицијата во покраината Рајна-Пфалц.
Loading...
Осомничениот сторител бил ранет во пресметка со полицијата.
Мотивите за нападот се уште се нејасни, а во тек е опсежна истрага, додаде портпаролот.
Областа каде што се случи нападот е опколена од полицијата.