Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска ги повика сојузните држави да размислат за заострување на мерките за ковид поради зголемувањето на бројот на заразени.
Лаутербах рече дека е за носење маски во затворени простории, освен во јавниот превоз, во медицински установи и домови за стари лица. Таа мерка во Германија одамна не е на сила
„Насоката по која одиме не е добра“, изјави министерот за новинарите во Берлин.
Тој додаде дека би било подобро федералните држави да воведат делумни ограничувања сега наместо построги подоцна.
„Колку побрзо ги ставиме сопирачките, толку подобро“, додаде тој.
Во последните 24 часа германските власти регистрираа повеќе од 114.000 новозаразени со корона вирусот, а 165 лица починаа.
Зголемувањето на случаите во Баварија е поврзано со неодамнешниот Октоберфест, кој привлекува стотици илјади посетители секоја година.