УЕФА: Малку е популистичко да се бара исклучување на Белорусија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ги отфрли критиките за одлуката дека, за разлика од Русија, Белорусија нема да биде исклучена од квалификациите за ЕП 2024 во Германија, пренесуваат германските медиуми.

Loading...

„Малку е популистичко да се бара исклучување и на Белорусија. Во моментов не гледаме причина за тоа. Ако работите се сменат, сигурно ќе реагираме. Политичарите треба да ги почитуваат нашите овластувања за одлучување. Ние исто така не им проповедаме на политичарите и владите што треба да направат“, рече Чеферин во интервју за Sport Bild.

Неодамна, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) писмено до УЕФА побара не само Русија, која води агресивна војна, туку и Белорусија, како клучен сојузник на Русија, да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски натпревари и турнири.

На Белорусија сега и е дозволено да учествува на натпревари спонзорирани од УЕФА, но мора да ги игра домашните натпревари надвор од земјата и без публика.

На неделната ждрепка за Евро 2024, Белорусија беше извлечена во групата I заедно со Андора, Израел, Косово, Романија и Швајцарија.