Двајца кумановци борци на ИСИС се најдоа на црната листа на Владата

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци кои се бореле за ИСИС во Сирија и Ирак се најдоа „црна листа“ на македонската влада со низа санкции.

Loading...

На кумановците, друштво на листата им прават и десет лица од Скопје, двајца од Гостивар и еден жител на Струга.

Нивните имиња вчера беа објавени во службен весник и станува збор за лица на возраст од 26 до 57 години.

Со одлуката за воведување санкции, лицата имаат рестрикции за користење, пренос, трансфер, конверзија ил идруг вид на раполагање со имот, забрана за ставање на располагање на било каков имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

Сите 15 лица заминале од Македонија во 20215 и 2015 година за да се борат во Сирија на страната на терористичката организација ИСИС.

Дел од нив обезбедувале пари за лица кои заминуваат на боиштата на Блискиот исток, поттикнувале други со своите семејства да заминат, објавувале проаганден материјал на социјалните мрежи, за што биле и кривично гонети.

Колкав број македонски државјани се бореле на странските боишта со точност не се знае, но се проценува дека заминале 156 лица, а се вратиле 83. Дел од нив таму и загинале.

Петнаесетте лица кои се најдоа на „црната листа“ не се во земјава и по нив има распишано меѓународни потерници.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)