Илон Маск предложи решение и за Косово

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск на Твитер го објави своето мислење за решението на проблемот на Косово.

Loading...

Според предлогот на Маск, решението би било идентично со она што тој го предложи за ситуацијата во Украина.

На Косово би се одржал референдум под покровителство на ОН на кој жителите би одлучувале дали сакаат да живеат во независна држава или да бидат дел од Србија.

Останува големо прашање каков би бил исходот од ваквиот референдум, бидејќи голем број Срби од Косово беа прогонети, а бројот на жители Албанци со години е предмет на бројни шпекулации.

Вака зборуваат за бројката од 800.000 до дури 2 милиони Албанци на Косово. Се поставува и прашањето колку Албанци се населиле на Косово по 1999 година.

Илон Маск и решението за Украина

Илон Маск претходно на Твитер го објави своето мислење за тоа како може да се реши војната меѓу Украина и Русија.