Спасовски: 45 години Факултет за безбедност

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на првиот академски час на Факултетот за безбедност кој оваа година одбележува и јубилеј – 45 години од неговото формирање.

Loading...

Министерот Спасовски изразувајќи благодарност за можноста да се обрати на првиот академски час на новозапишаните студенти на прва година на Факултетот за безбедност, кој годинава има уште посвечена нота, имајќи го предвид фактот што оваа наша најстара институција од областа на безбедноста одбележува 45 години од своето постоење и работа, во своето обраќање истакна: „Ако денешниов ден е неповторлив, пред сѐ емотивно, како нова страница од животот на бруцошите, на вашите нови колеги, овој ден во иста мерка е значаен за самата академска заедница, бидејќи еве, после 45 години, Факултетот за безбедност продолжува со несмален интензитет и стремеж да го потврдува она што во годините наназад успешно го фундираше и надградуваше – своето научно-стручно реноме, односно своето незаобиколно и стамено место во образовниот систем на нашата земја“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Спасовски истакна дека почетокот на академската година е подеднакво важен како за новата генерација студенти на овој Факултет, секако за генерациите што тој процес веќе го започнале, меѓутоа и за самиот наставничко-образовен кадар, како неспорна потврда на образовно-воспитниот континуитет на самата институција, на нејзиното богато академско портфолио.

„Овој респектабилен континуитет е исполнет со макотрпно создаван и трпеливо граден научен кредибилитет во изминатите четири и пол децении постоење и функционирање на Факултетот за безбедност, кој од основањето во 1977 година до денеска може да се пофали со бројка од 3500 студенти на прв циклус, 140 магистри на науки и дури 43 доктори на науки од областа на безбедноста“, потенцираше министерот Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Министерот Спасовски како особено значаен го истакна фактот што Министерството за внатрешни работи како институција, чија што примарна функција е токму безбедноста и сигурноста на луѓето, на материјалните добра, на уставно-правниот поредок и јавниот ред и мир, во годините наназад демонстрираше крајно отворен и партнерски пристап кон безбедносната наука, притоа, ставајќи ги на прво место образовно-стручните критериуми и стандарди, како во своето секојдневно работење, така и во поглед на професионалните капацитети на секој службеник, како важни претпоставки за севкупното работење на МВР.

На крај министерот Спасовски уште еднаш на студентите и професорите од Факултетот за безбедност им ги честиташе почетокот на новата академска година и 45 – годишниот јубилеј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Деканот на Факултетот за безбедност, проф.д-р Никола Дујовски во своето обраќање подвлече дека факултетот продолжува со својот раст и развој и дека секоја нова генерација студенти се гарант за продолжување на добрите практики на науките од областа на безбедноста.

На крајот на свеченост деканот Дујовски му врачи на министерот Оливер Спасовски плакета за особен придонес за развојот на високото образование во областа на безбедноста.

Loading...