Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави денеска на свеченото отворање на гасниот интерконектор во Софија дека минатата година извозот на гас од таа земја изнесувал околу 90 милијарди кубни метри, од кои 8,2 милијарди отишле во Европа, што е зголемување за 40 отсто. во споредба со претходната година.
„Оваа година ќе го зголемиме извозот на повеќе од 22 милијарди кубни метри, а 11,5 милијарди ќе одат за европските потрошувачи. Овој јули потпишавме меморандум за разбирање со ЕК и тоа е многу важен документ врз основа на кој планираме да го удвоиме снабдувањето со природен гас во Европа до 2027 година“, рече Алиев.
Тој посочи дека Азербејџан ги има сите капацитети тоа да го направи.
Според него, проектот за интерконектор за гас ќе игра важна улога во зајакнувањето на енергетската безбедност на Европа и диверзификацијата на изворите за снабдување со гас.
„Енергетската безбедност е дел од националната безбедност на секоја земја, а актуелната геополитичка ситуација во светот уште еднаш го докажува тоа“, рече Алиев, јави Танјуг.
Тој додаде дека азербејџанскиот гас е присутен на европскиот пазар речиси две години, а отсега и во Бугарија.
„Јужниот гасен коридор е еден од најголемите инфраструктурни проекти на континентот кој ја промени енергетската карта на Европа. Азербејџан е горд што е иницијатор“, рече Алиев.
Како што рече, Азербејџан долги години е сигурен снабдувач со нафта на меѓународните европски пазари, а сега станува сигурен снабдувач на гас.
„Сигурен сум дека Азербејџан наскоро ќе стане сигурен партнер во снабдувањето со електрицитет“, рече Алиев, кој на сите им честиташе за отворањето на интерконектор за гас.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.