Ѕвездата на Холивуд и хуманитарец Анџелина Џоли зборуваше за протестите кои се во тек во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амина.
Девојчето почина на 16 септември откако беше приведено од полицијата во Иран поради наводно прекршување на правилата за облекување.
По нејзината смрт веднаш започнаа протести, а бројни жени палеа хиџаби и си ги потстрижуваа косите.
Оскаровката Џоли објави неколку фотографии направени на улиците на Иран за да ја подигне свеста за моменталната ситуација таму.
View this post on Instagram
„Почит за храбрите, пркосни, бестрашни жени од Иран. До сите оние кои преживеале и давале отпор со децении, до сите оние кои денес излегуваат на улиците, до Махси Амина и до сите млади Иранки како неа“, напишала Анџелина.
„На жените не им треба надзор над нивниот морал, превоспитување на нивните умови или контрола на нивните тела. Ним им треба слобода да живеат и дишат без насилство и закани. До сите жени во Иран, ве гледаме“, додаде таа.
Што се случи со Махса Амина?
22-годишната Махса почина во притвор откако беше приведен од полицијата поради кршење на прописите за хиџаб.
Таа падна во кома откако беше приведена, со што правата на жените повторно беа во центарот на вниманието во Иран.
Нејзиниот братучед Ерфан Мортезаеи изјави за Sky News дека Махса била малтретирана и мачена пред нејзината смрт.
Додека со роднините и братот Ашкан се шетала во Техеран, ѝ пришла полиција.
Тие ѝ рекле дека нејзиниот хиџаб не е правилно прилагоден.
Полицијата негира злоупотреба
„Ашкан се обиде да им објасни дека не се во родниот град и дека се странци во Техеран, што треба да се земе предвид. Тие ги молеа полицајците да не ги приведат. Во борба со полицијата, Махса беше испрскана со спреј со солзавец на лицето и насилно внесена во комбе и однесена во станица. Во текот на возењето ја мачеле и ја навредувале“, рече тој.
Во извештајот од болницата се вели дека девојката пристигнала мртва во болница и дека по силен удар во главата се здобила со потрес на мозокот.
Иранската полиција соопшти дека смртта на младата жена во притвор била „несреќа“ која не сака да се повтори.
Тие велат дека и се слошило за време на викендот, додека била држена во ќелија со други жени и негираат злоупотреба.