Норвешка ја зајакнува безбедноста на гасните и нафтените капацитети

Сподели со своите пријатели

Се повеќе има реакции од европските земји за експлозиите на дното на Балтичкото Море, кои очигледно предизвикаа истекување на гас од гасоводите Северен тек 1 и 2.

Loading...

Неколку европски држави сугерираа дека Русија би можела да стои зад експлозиите, односно саботажата на Северен поток, но Кремљ ги отфрли таквите предлози како „предвидливи и глупави“.

Норвешката полиција најави дека ги зголемува безбедносните мерки околу нафтените и гасните постројки.

Полицијата не прецизираше за какви безбедносни мерки станува збор.

„Одговорните мора итно да се идентификуваат“

Германското Министерство за одбрана соопшти дека „дава свој придонес во истрагата за истекување гас од гасоводите Северен тек 1 и 2“.

Министерката за одбрана Кристин Ламбрех рече дека „ситуацијата мора да се разјасни“, додавајќи дека „одговорните мора итно да се идентификуваат“.

„Веројатната саботажа на гасоводот во Балтичкото Море е уште еден потсетник дека сме зависни од критичната инфраструктура, дури и под вода“, додаде таа.

Русија, објави руската прорежимска агенција РИА, побарала од Данска информации за штетата предизвикана на гасоводот „што е можно поскоро“.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.