Гувернерот на регионот Доњецк во источна Украина вели дека шансите Русија да изврши нуклеарен напад може да се зголемат доколку Владимир Путин лажно прогласи четири украински региони за руски.
„Украина мора да биде подготвена. Прибегнувањето кон нуклеарната опција ќе ја фрли Русија во бездна“, изјави украинскиот гувернер Павло Кириленко за Sky News.
„Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување“
Кириленко зборуваше за Sky News за петдневното гласање на лажни референдуми за тоа дали окупираните источни и јужни региони на Украина ќе се приклучат на Русија.
Се очекува дека резултатите, кои нема да бидат меѓународно признати, ќе ја откријат победата на поборниците за припојување на украинските територии кон Русија.
Кириленко наведува дека овој потег нема да промени ништо за Украина и дека земјата има намера да се бори за враќање на нејзините територии окупирани од руските сили.
„Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување. Долго време се прават напори за евакуација на луѓето од областите на фронтот за да се намали изложеноста на такви закани. Украина, исто така, ја зајакнува својата одбрана во регионот Доњецк за да го спречи рускиот напредок и контранапади во со цел да се врати територијата контролирана од Русија. Ова се случува на различни фронтови во Доњецк во две важни битки“, изјави украинскиот гувернер.
Нема порака за Путин: „Нема смисла да се испраќаат пораки до болен“
На прашањето дали има порака за Путин, Кириленко одговори „дека мисли дека нема смисла да се испраќаат пораки до болен човек“. Но, тој вели дека има порака за сите Руси.
„Русите имаат избор – или да дојдат на територијата на Украина и да умрат, да се вратат без делови од телото или да завршат во затвор или можат да се кренат против режимот во Русија“, изјави Кириленко за Скај њуз.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.